РКЕ СО НОВА ОДЛУКА ЗА ГОРИВАТА: Се чекаат цените што ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска е во фокусот на возачите, бидејќи се очекува новата пресметка на максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Одлуката треба да покаже дали бензините и дизелот ќе поевтинат, ќе поскапат или ќе останат на сегашното ниво.

Во моментов ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по максимална цена од 100 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 102 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ чини 100 денари за литар. Овие цени се утврдени со последната одлука на РКЕ од 28 септември.

Новата пресметка зависи од движењето на референтните цени на нафтените деривати на меѓународните пазари, како и од курсот на денарот во однос на американскиот долар. Токму овие параметри можат да донесат различно движење кај бензинот и дизелот, како што се случи и со претходната одлука, кога бензините поскапеа, а дизелот значително поевтини.

Во текот на денот се очекува РКЕ да ја објави конечната одлука, по што ќе биде познато колку ќе чини секој литар гориво од полноќ.

Можеби ќе ве интересира...

Од денеска ќе точиме поевтини горива

BiznisPRO

Добра вест: Од денес плаќаме поевтин дизел

BiznisPRO

Македонците плаќаат најевтини горива во регионот

BiznisPRO