Работодавачите во приватниот сектор имаат рок до крајот на годината да го исплатат регресот за годишен одмор. Правото се однесува на вработените кои кај истиот работодавач поминале најмалку шест месеци во текот на календарската година.
Според Општиот колективен договор, минималниот регрес е 40 проценти од утврдената основица.
Според последните пресметки објавени од Канал 77, минималниот износ за годинава е околу 19.560 денари.
