НОВА ГРАЃАНСКА ОБВРЗНИЦА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Државата повторно ќе бара пари на домашниот пазар

Министерството за финансии подготвува ново издавање граѓанска обврзница, а деталите за каматата, рокот и износот допрва треба да бидат објавени. Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска најави дека до крајот на годината буџетските потреби во најголем дел ќе се покриваат преку домашниот финансиски пазар.

Планирано е и рефинансирање на обврските што достасуваат. Дел од капиталните средства, пак, се пренаменуваат од проекти кај кои тендерите пропаднале или реализацијата доцни толку што парите не би можеле да се искористат годинава.

Можеби ќе ве интересира...

Паднаа цените на нафтата

BiznisPRO

Даночна сезона 2026: Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка за 2025 година

BiznisPRO

Маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на производите на интернет на дневна основ – Донесени измени на Законот за заштита на потрошувачите

BiznisPRO