Падна одлука во РКЕ – Утврдени нови цени на горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е
V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.10.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 98,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 100,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 97,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 108,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 2,145 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 05.10.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,742 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Животното осигурување нуди финансиска сигурност во непредвидливи времиња

BiznisPRO

Во Скопје се одржa регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

BiznisPRO

Започнува дигиталната трансформација на локално ниво – Центарот за развој на Скопскиот плански регион стана дел од значаен ЕУ Интеррег Проект

BiznisPRO