УЈП ИМ СЕ ОБРАТИ НА ИЗДАВАЧИТЕ НА АПАРТМАНИ – Доходот мора да се пријави и за резервации преку „Букинг“ и „Ербиенби“

Управата за јавни приходи денеска организираше информативна средба со туристички работници и лица што издаваат сместувачки капацитети во Маврово, во рамките на кампањата за даночна усогласеност во туризмот. На средбата беа објаснети правилата за пријавување доход од краткорочно издавање соби, станови, апартмани, куќи и вили, како и даночните обврски при ангажирање сезонски работници.

Од УЈП нагласија дека доходот од сместување мора да се пријави независно од тоа дали резервацијата е направена директно или преку дигитални платформи како „Букинг“ и „Ербиенби“. Истото важи и за приходите остварени преку други туристички услуги, под услов да постои законска обврска за нивно оданочување. Претставниците на институцијата ги објаснија електронските постапки за пријавување и пресметување данок, со цел да се намали неформалната економија и да се создадат еднакви правила за сите даватели на туристички услуги.

Можеби ќе ве интересира...

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

BiznisPRO

Курсна листа за 21. јули 2025 – Колку ќе чинат девизите во понеделник?

BiznisPRO

Синдикалната кошничка за април “посолена” за 1.217 денари

BiznisPRO