Во Македонија викендов завршува летното сметање на времето. Во недела, 25 октомври, во 3 часот по полноќ часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот. Со ова официјално започнува зимското сметање на времето, согласно одлуката на Владата објавена во „Службен весник“.
Промената значи дека ноќта меѓу сабота и недела ќе биде еден час подолга. Современите мобилни телефони и компјутери најчесто автоматски го приспособуваат времето, додека рачните и дел од постарите часовници треба да се наместат рачно.
Следната промена на времето ќе биде во март 2027 година, кога повторно ќе започне летното сметање.
