ПЛАТАТА РАСТЕ, НО ДАЛИ И СТАНДАРДОТ? – Просечната нето-плата достигна 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија во август 2026 година достигнала 48.733 денари, покажуваат најновите податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Во споредба со август минатата година, просечната нето-плата е повисока за 7,6 проценти, додека во однос на јули 2026 година, кога изнесувала 48.499 денари, е забележано зголемување од 234 денари.

Најголем годишен раст на просечните плати е регистриран во секторот снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и санација на околината, каде што зголемувањето изнесува 11,9 проценти. Следуваат административните и помошните услужни дејности со раст од 10,7 проценти и преработувачката индустрија со 9 проценти.

Кога станува збор за месечните промени, најголемо зголемување во однос на јули е забележано во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за 5,4 проценти. Во уметноста, забавата и рекреацијата платите пораснале за 5 проценти, додека административните и помошните услужни дејности бележат раст од 4,2 проценти.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со учество на меѓународен настан организиран од ММФ

BiznisPRO

Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25.4 % во бруто-додадената вредност во 2024 година

BiznisPRO

Синдикалната кошничка за април “посолена” за 1.217 денари

BiznisPRO