Свет

ЗЛАТОТО ОКОЛУ 4.000 ДОЛАРИ – Инвеститорите внимателни по последните ценовни падови

Цената на златото се движи во близина на 4.000 долари за тројска унца, по периодот на намалување на вредноста на овој благороден метал. Според денешните пазарни извештаи, златото утрово се тргувало околу 4.010 долари.

И покрај геополитичките ризици, очекувањата за повисоки камати и движењето на доларот можат да ја намалат привлечноста на златото кај дел од инвеститорите.

Тоа покажува дека златото не поскапува автоматски при секоја меѓународна криза, бидејќи врз неговата цена влијаат и монетарните политики и побарувачката на финансиските пазари.