АвтоТОП ВЕСТИ

БМВ СО НАД 30 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КВАРТАЛНИ ПРИХОДИ – Царините продолжуваат да ја притискаат автомобилската заработка

Групацијата БМВ денеска објави приходи поголеми од 30 милијарди евра за третиот квартал од 2026 година. Добивката пред оданочување на групацијата изнесувала 2,1 милијарди евра.

Во автомобилскиот сегмент, оперативната добивка пред камати и даноци достигнала 901 милион евра, со маржа од 3,4 отсто. Финансискиот директор Валтер Мертл посочи дека повисоките царини ја намалиле маржата за околу 1,25 процентни поени.

За првите девет месеци групацијата остварила речиси 93 милијарди евра приходи и 6,1 милијарди евра добивка пред оданочување.