ПРОМО

ПАМЕТНИТЕ БРОИЛА ВО ФОКУСОТ – ЕВН планира уште 40 милиони евра до крајот на 2030 година

ЕВН планира дополнителни 40 милиони евра за проекти поврзани со паметни мерни системи до крајот на 2030 година, според податоците објавени на 5 ноември. За инсталирање паметни броила досега се вложени 45 милиони евра, а за опрема уште 28,3 милиони.

Во пренесените податоци од студијата „Бела книга“, изработена од Економскиот факултет и ФЕИТ, вкупните инвестиции на ЕВН од 2006 година се наведени на 850 милиони евра. Станува збор за досегашни вложувања.

За поширокото воведување паметни мерни системи е доставена техничка и економска анализа до регулаторот. По неговата препорака, Владата треба да ја утврди динамиката на воведување.