На Листата на должници бр.11/2026 објавени се 2.006 должници – правни лица (повеќе за 19 од претходната листа) и 3.194 физички лица (повеќе за 41 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2026 изнесува 14.024.931.031 денари, (повеќе за 83.153.020 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 13.783.982.517 денари, (повеќе за 13.738.971 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 240.948.514 денари (повеќе за 69.414.049 од претходната листа).
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2026 за долгови доспеани до 31.07.2026 година и неплатени до 31.10.2026 годинапо основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
