Македонија

АЛАРМАНТНИ НАОДИ ЗА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО – Од 42 предвидени ИТ-работни места биле пополнети само седум

Државниот завод за ревизија утврди значителни слабости во информациската безбедност на Фондот за здравствено осигурување. Според објавените наоди, во периодот опфатен со ревизијата биле пополнети само седум од 42 систематизирани работни места во Секторот за информатика, што претставува 16,67 проценти од предвидениот кадровски капацитет.

Ревизорите предупредуваат на недостатоци во управувањето со информациските ризици, техничката заштита, одржувањето на системите и планирањето на континуитетот на работењето. Посебно е посочено дека не била пополнета позицијата задолжена за сигурноста на информацискиот систем, а биле забележани и пропусти во континуираната обука на вработените за препознавање сајбер-закани.

Фондот претходно доставил акциски план со предвидени мерки за надминување на утврдените недостатоци. Наодите укажуваат на потребата од дополнително зајакнување на заштитата на системите преку кои институцијата обработува чувствителни информации и обезбедува здравствени услуги за осигурениците.