БанкарствоТОП ВЕСТИ

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОШТЕТЕНИ СО БРЗИ КРЕДИТИ: Незаконски наплатените средства од компаниите за брзи кредити се враќаат кај над 26.000 граѓани

Прес конференција на Марија Митева, портпарол на Владата:

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Денеска сакаме да ја информираме јавноста за јасната одлука на Владата да се провери работењето на сите лиценцирани финансиски друштва или да биде поедноставно за јавноста, проблемот со брзите кредити.

Знаевме дека отвораме едно од најгорливите прашања за многу семејства. Знаевме што значи кога до крајот на месецот треба да се платат сметките, да се обезбеди сè што му е потребно на семејството и да се најдат средства за ратата. А кога со секоја опомена доаѓа нов трошок, притисокот врз тие семејства станува уште поголем.

Институциите работеа тивко, посветено и со целосен фокус. Само четири месеци по преземената обврска, денес ние го имаме резултатот. Морам да потенцирам дека за првпат Државниот пазарен инспекторат спроведува надзор од ваков обем. Во овој сектор, ги опфати сите 27 лиценцирани финансиски друштва. За незаконските постапувања кај утврдените неправилности ќе оставам простор да информираат директорот и министерот.

Она што за нас како Влада е исклучително важно е што со донесените решенија, овие друштва се задолжени да вратат над 140 милиони денари на повеќе од 26.000 граѓани низ целата држава.

Јас овде ќе му дадам збор на директорот Влатко Стојкоски од Државниот пазарен инспекторат, а веднаш потоа и на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши кои што ќе дадат подетални информации околу оваа активност, а веднаш потоа согласно редоследот, ќе ги преземеме вашите прашања. Директоре повелете.

фото Влада