ПРОМО

ВАЖНО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ – На самитот во Охрид отворен проблемот со престојот во ЕУ

Ограничувањата за престој на професионалните возачи од Западен Балкан во Европската Унија беа меѓу практичните економски проблеми отворени на денешниот состанок на лидерите од процесот Брдо-Бриони во Охрид.

Претседавачката со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, изрази поддршка за македонската иницијатива и за заеднички регионален настап пред европските институции.

Според неа, постојните ограничувања создаваат дополнителни трошоци за стопанството. Засега не е потврдена промена на европските правила за професионалните возачи.