Алармантно: Америка во пад 16-ти месец по ред

Економската активност во производството на САД во февруари падна во однос на јануари и веќе 16-ти месец по ред е во зоната на контракција, односно опаѓање на активноста.

Ова денеска го соопшти Американскиот институт за управување со набавки (ISM).

Индексот на менаџери за набавка (PMI) во САД падна во февруари од 49,1 поен, колку што беше забележан во јануари, на 47,8 поени, објави веб-страницата ISM.

Пазарите очекуваа спротивен тренд, односно пораст на индексот на менаџери за набавки во САД на 49,5 поени.

PMI се користи како показател за економската ефикасност во производството, а посакуваниот резултат над 50 поени би укажал на проширување, односно раст на активноста.

Во Соединетите Американски Држави во февруари е забележан пад на бројот на нови нарачки, а намалени се и побарувачката и нивото на производство, се заклучува во соопштението на ISM.

Можеби ќе ве интересира...

Скопјанец од осигурување наплатил рекордни 9,6 милиони денари

BiznisPRO

Русија го изненади ММФ

BiznisPRO

Еврото го слави својот роденден

BiznisPRO