Албанската влада одлучи: Ќе ја легализираме марихуаната за медицински цели

Албанија ќе дозволи легална употреба на канабис за медицински цели, потврди во четвртокот албанскиот премиер Еди Рама.

Рама на прес-конференцијата зборуваше за резултатите од иницијативата „Национална конференција“ на која неколку месеци се бараше од граѓаните да дадат свое мислење за различни теми.

„Ќе продолжиме како што велат граѓаните. Апсолутно ќе го легализираме канабисот за медицинска употреба и ќе отвориме нов фронт за економски и технолошки раст. Немаме дилема околу тоа. Тоа што го кажаа граѓаните ќе се направи и за тоа нема дискусија. “, рече Рама.

Според албанската влада, 61 отсто од испитаниците рекле дека треба да им се дозволи да одгледуваат, преработуваат и извезуваат канабис за медицински цели под контрола на државата, додека 29 отсто биле против.

Денес, околу 20 европски земји овозможуваат легална употреба на канабис за медицински цели, во регионот се Словенија, Хрватска и Северна Македонија.

Преку иницијативата „Национално советување“, Владата на Албанија имаше за цел да добие мислење од граѓаните за различни прашања поврзани со економијата, надворешната политика, вработувањето, борбата против криминалот и други области.

Можеби ќе ве интересира...

Еве колку бараат сезонските работници – Илјадници Македонци и оваа година на работа во Хрватска

BiznisPRO

Хрватска е прескапа за Германците за одмор: Најдоа нова дестинација

BiznisPRO

За една година летот Белград-Чикаго го искористиле 40.000 патници

BiznisPRO