Андонов: Состојбата со електро-енергетскиот сектор е стабилна, но секоја заштеда е важна

„Секоја заштеда, колку и да е минимална, е важна и затоа апелирам сите заедно да заштедиме денес, за да имаме утре“, порача владиниот советник за енергетика Виктор Андонов. На денешната прес-конференција тоја кажа дека овие заштеди се многу важни за да имаме стабилен енергетски систем и да ја намалиме оптовареноста, посебно сега во услови кога на дел од енергетските објекти се вршат ремонтни и сервисни активности.

-Дополнително, ЕСМ си презеде обврска редовно да ја информира јавноста за сите активности кои тековно се преземаат за редовно и навремено сервисирање на енергетските капацитети, рече Андонов.

Тој информира дека на 22 ноември 2022 произведени се вкупно 10.199 MWh електрична енергија од кои 7.525 MWh од термоелектраните, додека 2.674 MWh од обновливи извори, а набавени се 4.580 MWh електрична енергија.

-Со овие количини на електрична енергија, произведени во домашните енергетски постројки и од набавката на електрична енергија, задоволени се целосно потребите на сите корисници на регулираниот пазар, односно за домаќинствата и малите потрошувачи. Состојбата со електро – енергетскиот систем во овој момент е стабилна. Продолжуваме посветено да ја следиме на дневно ниво и да носиме соодветни одлуки кога за тоа ќе има потреба, рече Андонов.

Можеби ќе ве интересира...

Значително поевтинување на дизелот, се намалува цената и на бензинот

Бизнис про

Ново значително поскапување на горивата – Дизелот стигна 107, 50 денари

Бизнис про

РКЕ со нова одлука: Од полноќ нови цени на горивата

Бизнис про