aPPLE денеска објави дека, почнувајќи од оваа пролет, развивачите на софтвер кои работат во Европската унија ќе можат да дистрибуираат апликации до корисниците на ЕУ директно од нивните веб-страници, наместо преку APP Store.
Apple ги објави овие промени во согласност со Законот за дигитални пазари на ЕУ (DMA), чија имплементација започна минатата недела.
Агенцијата вели дека промените, кои ја засегаат само Европската унија, би можеле да ги загрозат високите профитни маржи на Apple и постојан прилив на приходи од нејзината продавница за апликации, каде што на програмерите им наплатува такси до 30 проценти.
Програмерите сепак мора да ги исполнуваат одредбите и условите поставени од Apple и да бидат овластен развивач.
Apple, исто така, воведе „основна технолошка такса“ од 50 евроценти по корисничка сметка секоја година, дури и ако програмерите изберат да не ја користат App Store или платниот систем на Apple.
DMA има за цел да ја ограничи доминацијата на компаниите како Apple, Amazon, Byte Dance, Meta Platforms, Google и Microsoft и да создаде еднакви услови за помалите ривали и да ја зголеми конкуренцијата.