Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека германскиот производител „Ауди“ планира изградба на нова автомобилска фабрика во сојузната држава Џорџија. Според неговата најава, инвестицијата би изнесувала приближно четири милијарди долари.
Производствениот капацитет се планира за околу 200.000 теренски возила годишно. Трамп ја претстави инвестицијата на предизборен митинг во Пери, поврзувајќи ја со својата царинска политика и поттикнувањето на домашното производство.
„Ауди“ досега ги снабдува американските купувачи со возила произведени надвор од САД. Најавата доаѓа во период на политички дебати за ефектите на царините врз автомобилската индустрија и цените на возилата.
