Австрија наведе кога ќе стане независна од рускиот гас

Австриската влада си постави за цел целосно да го суспендира купувањето на руски гас до 2027 година, соопшти денеска министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

„Австриската влада си постави цел да стане 100 отсто независна од рускиот гас до 2027 година“, рече Шаленберг на заедничката конференција со неговиот американски колега Ентони Блинкен.

Малку претходно австрискиот министер за клима, заштита на животната средина, енергија, иновации и технологија Леонор Гевеслер изјави дека Виена мора да подготви начини за излез од договорот за снабдување со руски гас склучен во рамките на концернот ОМВ.

Како што изјавија за Тас од ОМВ, доколку е потребно, таа компанија ќе ги снабдува клиентите во Австрија со гас што не доаѓа 100 отсто од Русија, но за целосно да се напушти рускиот гас, мора да се подготви потребната регулаторна рамка.

Според податоците на австриското Министерство за клима, заштита на животната средина, енергија, иновации и технологија, уделот на рускиот природен гас во австриската енергија достигна 98 отсто во декември 2023 година, што е рекорден процент од почетокот на војната во Украина. Во февруари тој процент изнесуваше 79 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чини еврото, а колку доларот? – Курсна листа за 30 септември 2024

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: Напорно работиме за пристапување кон СЕПА

BiznisPRO

Почна: Работниците се заменуваат со вештачка интелигенција

BiznisPRO