Автомобилскиот гигант го прекина производството: Дури 3.500 работници останаа без работа

Претставниците на синдикатот рекоа дека по 2025 година, околу 1.000 работници ќе останат во фабриката во Сарлуис, на кои ќе им биде понудена преквалификација.

Ford ќе го укине популарниот модел Focus следната година и последователно ќе отпушти 3.500 работници во фабриката во Сарлуис, која беше отворена во 1970 година.

Прво слушнавме дека Ford ќе го прекине популарниот компактен Focus 2025 година во средината на 2022 година. Исто така, тогаш беше кажано дека новата генерација на електрични модели на американската марка ќе се составува во фабриката во Сарлуис, Германија, каде што се произведува овој модел. Но, во меѓувреме плановите на Ford се сменија, па идните електрични автомобили ќе се произведуваат во шпанската фабрика во Валенсија.

Како резултат на тоа, фабриката во Сарлуис буквално останува без производство на автомобили. Во оваа фабрика ќе бидат отпуштени 3.500 работници, а Ford наводно постигнал договор со синдикатот IG Metall во врска со тоа.

Претставниците на синдикатот рекоа дека по 2025 година во фабриката во Сарлуис ќе останат околу 1.000 работници, на кои ќе им биде понудена преквалификација, а до 2032 година нема да има принудни отпуштања.

Понатаму, вработените ќе можат да заминат предвреме и да имаат корист од пакетот за компензација.

Сепак, иднината на фабриката во Сарлуис останува неизвесна. Имаше разговори со кинеските брендови BID и Chery за преземање на фабриката, а се дознава дека Ford преговарал и со германски производител на соларни панели. Но, очигледно, американскиот производител не постигна договор со овие компании.

Можеби ќе ве интересира...

Падна продажба на мало во еврозоната

BiznisPRO

„Алибаба“ на добар пат да ја преземе доминацијата во глобалната интернет-продажба

BiznisPRO

Кафето продолжува да поскапува, но многу побавно

BiznisPRO