Автонова официјално ја претстави глобалната технолошка автомобилска марка Leapmotor, во годината кога семејниот бизнис одбележува значајни јубилеи и три децении присуство во автомобилската индустрија.
Од Автонова истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили.
„Leapmotor за нас не е само нова марка во нашето портфолио. Тоа е долгорочна инвестиција, но и почит и обврска кон нашите клиенти, кон нашите 108 вработени и нивните семејства, како и кон вредностите врз кои ја градиме оваа семејна приказна цели 30 години“, порачаа од Автонова, најавувајќи и отворање на нов објект посветен на марката Leapmotor.
Leapmotor во регионот
Позната во регионот како ексклузивен увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово за Citroën, во рамки на глобалното партнерство со Stellantis, една од највлијателните автомобилски групации во Европа, Автонова ја носи и марката Leapmotor, која веќе ужива доверба кај повеќе од 1,5 милиони клиенти ширум светот, благодарение на фокусот на иновација, ефикасност и дизајн ориентиран кон корисникот, нудејќи одржливи и достапни решенија за модерните клиенти.
Целосната гама модели
На настанот беше претставена целосната гама модели – од компактни урбани автомобили до семејни SUV возила и спортски електрични модели, кои од денес може да се видат и во продажниот салон на Автонова.
Leapmotor T03 – паметен избор за во град
100% електричен градски автомобил од нова генерација, дизајниран за динамиката на современиот урбан живот.
- Електричен мотор: 70 kW
- Опсег: до 265 km според WLTP
- Брзо полнење: од 30 до 80% за само 36 минути
- Поставува нови стандарди во А-сегментот
- Почетна цена: 17.990 евра
Leapmotor B10 – модерен и практичен SUV
Новиот компактен SUV во C-сегментот, наменет за млади професионалци, семејства и урбани корисници кои бараат современ дизајн, паметни технологии и практичност.
- Две батериски опции, автономија до 434 km
- Напредна REEV технологија за продолжен опсег на возење без потреба од често полнење, до 900 km
- Почетна цена: 24.990 евра
Leapmotor C10 – премиум семеен конфор
Нова генерација D-SUV возила, создадени за подолги и побезбедни семејни патувања.
- 100% електричен модел со погон на задните тркала
- Опција со погон на сите тркала, со напредна 800V архитектура и 585 коњски сили
- Забрзување од 0 до 100 km/h за само 4 секунди – врвни перформанси, сигурност и удобност во сите услови на возење
- Иновативна REEV технологија за продолжен опсег на возење, до 970 km
- Веќе од 29.990 евра
Leapmotor B05 – за љубителите на спортски модели
Спортски електричен модел кој речиси истовремено со светската премиера е ексклузивно претставен и во Македонија.
- Препознатлив купе дизајн
- Напредна Cell-to-Chassis технологија
- Автономија до 482 km
Нов чекор кон иднината
Со официјалното претставување на Leapmotor, Автонова прави нов исчекор кон иднината, носејќи на домашниот пазар и во регионот интелигентни, практични и достапни решенија за електрична мобилност, поддржани од долгогодишното искуство, компактен тим и посветеност кон клиентите.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
