Автопатот помеѓу Северна Македонија и Косово, финансиран од ЕБОР, добива грант од ЕУР 30,8 милиони од Европската Унија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) работат заедно со Северна Македонија во изградбата на дел од А4 автопатот, кој го поврзува главниот град Скопје, со Блаце на границата на Косово. Ове е дел од стратешката рута, која го поврзува Скопје со Приштина. Поддршката се однесува на секција од 10 километри, која ќе помогне да се подобри мобилноста и трговијата помеѓу Северна Македонија и Косово, и ќе се зајакнат врските со ЕУ пазарите.

Договорот кој обезбедува ЕУР 30,8 милиони грант од ЕУ, за изградба на секцијата од десет километри, дел од А4 автопатот, кој го поврзува Скопје со Блаце, граничниот премин кон Косово, беше потпишан денес од страна на г. Коце Трајановски, Генерален Менаџер на Јавното претпријатие за државни патишта и г. Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Грантот од ЕУ е дополнување на кредитот од ЕУР 167,6 милиони, одобрен од ЕБОР, и ќе се искористи за градежни работи.

ЕУ обезбедува и ЕУР 8,8 милиони техничка поддршка за подготовка на проектот, имплементација и поддршка во супервизијата. Секцијата Скопје- Блаце е стратешки приоритет за Северна Македонија и е дел од главното европско транспортно поврзување, вклучувајќи ја Транс-европската транспортна мрежа (Trans-European Transport Network  – TEN-T), Рута 6 и Европската рута Е65.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Оваа инвестиција е важен чекор кон побезбедна, поефикасна и поотпорна транспортна мрежа во Северна Македонија. Новиот автопатот со две коловозни ленти во секоја насока ќе го намали времето на патување, ќе ја поддржи трговијата и ќе ја подобри секојдневната поврзаност на луѓето и бизнисите, овозможувајќи еколошки транспортни решенија”.

Михалис Рокас, Претставник на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија изјави: ,,Секој нов километар на современ пат ги зближува луѓето, бизнисите и можностите. Преку инвестирање на повеќе од ЕУР 40 милиони во овој проект, Европската Унија и помага на Северна Македонија да отвори нови економски можности, да ја зајакне регионалната соработка и да напредува на патот кон Европската Унија. По повеќегодишни подготовки, ни претставува задоволство да ја видиме оваа стратешка инвестиција да се придвижи напред, и со нетрпение го очекуваме нејзино успешно завршување, со што граѓаните и бизнисите ќе можат да имаат корист од побезбедно, побрзо и подобро поврзување во регионот.”

Александар Николовски, Министер за транспорт изјави: ,,Навистина е убаво кога почнуваат нови проекти и денеска сме на почеток на еден нов проект, а тоа е изградба на едно автопатско решение кое треба да оди по Трансевропската рута 6, која ќе ги поврзе Скопје и Приштина, а понатаму ќе продолжи кон Тирана и Драч, како и кон Бар. Со тоа, кон Скопје се отвора уште едно пристаниште и уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот.  Без разлика што немаме излез на море, на овој начин државата може да стане стратешки најважна точка на Балканот, преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, трговијата, туризмот и економската размена. Токму реализацијата на овој проект е конкретна поддршка на таа визија“.

По успешното завршување на процесот на селекција и потпишување на договор за изведувач на главните градежни работи, се очекува наскоро да започне изградбата. Проектот ќе ги поттикне економските активности, да ја зајакне регионалната поврзаност, и да ја зајакне транспортната ефикасност и безбедност на патот, долж самиот коридор.

Проектот ќе ја унапреди и реформската агенда на ЕБОР во Северна Македонија, во делот на патничкиот сообраќај, со акцент на одржлива поврзаност, финансиска одржливост и отпорност на климата. Агендата го поддржува и развојот на националната стратегија за е-мобилност, и акцискиот план за промовирање на употреба на електрични возила и инфраструктура за полнење на возилата.

ЕБОР е долгорочен партнер на Северна Македонија, во развојот на транспортната инфраструктура, помагајќи и на земјата да ги модернизира патните и железничките мрежи. Преку инвестициите и ангажманот во политиките, Банката продолжува со поддршка на градење на современ, одржлив и добро поврзан транспортен систем, усогласен со ЕУ стандардите.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чини еврото, а колку доларот во понеделник – Курсна листа за 5-ти мај 2025

BiznisPRO

Трговскиот дефицит во јануари 2025 година изнесува 16.6 милијарди денари

BiznisPRO

УЈП СО АКТИВНА УЛОГА НА 21-ОТ СОСТАНОК НА ЕУ ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ТРГОВИЈА, ИНДУСТРИЈА, ЦАРИНА И ОДАНОЧУВАЊЕ (ПТИЦО)

BiznisPRO