Бруто-домашниот производ во 2024 година изнесува 1 031 678 милиони денари и во однос на 2023 година е номинално зголемен за 8.1 %, соопшти ДЗС.
Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2024 година, во однос на 2023 година, e 3.8 %.
БДП во 2024 година изнесува 1 031 678 милиони денари и во однос на 2023 година е номинално зголемен за 8.1 %.
Најголемо учество во додадената вредност со 19.8 % во структурата на БДП во 2024 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2024 година во структурата на БДП учествува со 80.9 %.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2024 година e 62.9 %.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2024 година изнесува 242 368 милиони денари.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 51.8 %, машините и опремата со 38.1 %, а останатите инвестиции со 10.1 %.
