Бектеши: КИЕЛ Македонија почнува со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Тетово

Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово. Компанијата КИЕЛ, која е водечки производител на седишта за возови, автобуси почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра. Во новиот производствен погон во Тетово, кој ќе се простира на површина од 7.500 метри квадрaтни предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места од Полошкиот Регион, напиша на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што напиша Бектеши, според планот за реализација со производството од новиот погон, КИЕЛ Македонија ќе започне до крајот на 2022 година.

„Министерството за економија даде согласност за потпишување договор помеѓу Друштво за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ Макњдонија и Нормак инвестмен груп со што почнува реализацијата на оваа нова инвестиција“, напиша Бектеши на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира...

Раст на зелените кредити за 55% во изминатите две и пол години, но сè уште е ниска застапеноста во вкупните кредити

Бизнис про

УЈП со важна вест за корисниците на апликацијата “Мој ДДВ”

Бизнис про

Изминатото деноноќие произведени се 7.616 MWh електрична енергија

Бизнис про