„Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

Скопје, 25.11.2024 – На годинешниот Open Balkan Wine Trophy Competition, кој се одржа во рамките на саемот Wine Vision by Open Balkan во Белград, Винарската Визба „Тиквеш“ уште еднаш го потврди својот статус на водечки производител на премиум вина во регионот. Виното „Бела Вода“ црвено од бербата 2021, купажа од сортите вранец и плавец, ја освои наградата National Trophy за најдобро вино од земјава. Ова признание е само продолжение на долгогодишниот успех на ова исклучително вино, кое во минатото доби високи 95 бодови од реномираниот вински критичар Роберт Паркер. Со своето производство од лозја стари преку 50 години, „Бела Вода“ е синоним за квалитет и традиција.

На овој натпревар, повеќе од илјада вина од Србија, Албанија и Македонија беа оценувани од меѓународно признати вински судии, вклучувајќи седум Masters of Wine, под претседателство на Каролин Гилби MW, експерт за балкански вина и вина од Југоисточна Европа.

Покрај награденото вино, на саемот беа претставени и останатите премиум вина на „Tikveš Château & Domaines“, кои се познати по нивната тероарска уникатност и врвен квалитет. Изложувањето и програмата на мастер класови од врни вински стучњаци на „Тиквеш“ на саемот привлече големо внимание на бројни вински ентузијасти, дистрибутери, вински критичари и партнери. Тоа ја покажа репутацијата на „Тиквеш“ во регионот и пошироко и улогата која ја има како промотор на македонските вина на меѓународната винска сцена.

Со ова признание и со атрактивниот настап на саемот во Белград ВВ „Тиквеш“ продолжува да ја зајакнува својата репутација како најнаградувана винарница во регионот и лидер на пазарот во Македонија и Србија, благодарение на својот квалитет и иновации во производството.

На саемот Wine Vision by Open Balkan имаше 650 изложувачи од 38 земји, а настанот се одржува под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија.

Можеби ќе ве интересира...

Секоја идеја звучи лудо на почеток – Стартап-финансирање на малите бизниси во ХалкБанк 

BiznisPRO

„ЕВН хоум“ ја прифати понудата на ЕСМ од 60 евра за мегават-час на тендерот за набавка на електрична енергија

BiznisPRO

Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Централните банки ќе продолжат со претпазливо нормализирање на монетарната политика

BiznisPRO