Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците

Бакарството е циклична индустрија, вели владиниот советник Глигор Бишев за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Тј кажа дека во добри периоди на економијата има и добри профити кај банките и тоа ја јакне капиталната сила, додека пак во лоши времиња се апсорбираат ризиците токму преку капиталната сила.

-Од тој аспект македонската банкарска индустрија заедно со носителите на макроекономските политики изградија добар и здрав кров што ги апсорбира предизвиците на кризата, кажа Бишев.

Според него, буџетот е стабилен со умерени буџетски дефицити. Тој додаде дека економијата е исправена пред неколку предизвици: намалената реална куповна сила на население, високите каматни стапки и рецесијата кај нашите најголеми трговски партнери.

Можеби ќе ве интересира...

Владата најави поевтина струја за компаниите за стабилизирање на цените на храната

BiznisPRO

ЕОС Матрикс Македонија прва компанија на финансискиот пазар со висок степен на ИТ – безбедност

BiznisPRO

Добра вест: Предвремена исплата на мајската пензија – еве кога ќе започне исплатата

BiznisPRO