Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32%, блок тарифите даваат ефекти

Домаќинствата за 16,32% ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно податоците, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32% помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.

„Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32% заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври“ изјави Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел да испрати сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1050 kWh

Можеби ќе ве интересира...

Се најавува нов едукативен проект, за прв пат во западен Балкан, како мост за влез на државен дуален универзитетод Германија

BiznisPRO

Нов значителен пад на нафтата на светските берзи

BiznisPRO

ИСОС препорача усогласување на цените на услугите и платите на сметководителите со инфлацијата и растот на останатите плати

BiznisPRO