ПРОМО

Божиновска од Загреб: Енергетската безбедност не е веќе само стратешка опција, туку неопходност – Македонија ги реализира клучните регионални поврзувања

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на министерскиот состанок на Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), во Загреб. На состанокот, на кој што учествуваа министрите од регионот и претставниците на европските институции се разговараше за енергетската безбедност, регионалното поврзување и иднината на европскиот енергетски пазар.

„Енергетската безбедност и диверзификацијата повеќе не се само стратешки опции, туку неопходност. Регионалното поврзување и заедничките инвестиции се клучни за стабилно снабдување, конкурентна економија и долгорочна енергетска сигурност“, порача Божиновска.

Во своето обраќање, министерката го истакна конкретниот напредок на Македонија во реализацијата на стратешките енергетски проекти. Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, со очекувано завршување на македонската делница до средината на 2027 година, додека интерконекторот со Србија е планиран за завршување во 2028 година.

„Со вклучувањето на двата проекти во иницијативата „Вертикален гасен коридор“, Македонија станува важен дел од регионалната инфраструктура за диверзификација на снабдувањето и поврзување на енергетските пазари“ истакна Божиновска.

Божиновска нагласи дека инфраструктурното поврзување мора да биде проследено со пазарни реформи и усогласување со европските правила. Македонија  активно работи на уогласување на пазарот на гас согласно европската легислатива. Паралелно со изградбата на нова инфрсатруктура спроведуваме реформи за воспоставување современ и конкурнетн пазар, вклучително и европски систем за распределба на капацитети и балансиарње, како и незвисен оператор на пазарот на гас. Нашата цел е модернизација на пазарот на гас, поголема транспарентност, конкурентност и интеграција со европскиот енергетски пазар.

Во фокусот на разговорите беа и забрзаната електрификација, развојот на обновливите извори, модернизацијата на електроенергетските мрежи и системите за складирање енергија. Министерката ја истакна и важноста на новите технологии и електромобилноста како дел од долгорочната енергетска транзиција.

Посебно внимание беше посветено на водородот како енергент на иднината. Божиновска посочи дека новите гасни интерконектори се развиваат со долгорочна визија за можноста за транспорт на водород. Македонија годинава ја заврши Националната студија за водород, со што се создаваат предуслови за развој на водородна инфраструктура и идно вклучување во европските водородни коридори. Ваквите проекти се значајни за декарбонизацијата, индустриската конкурентност и долгорочната енергетска безбедност.

Во продолжението на состанокот, се разговараше за климатските предизвици и потребата од поголема отпорност на енергетската инфраструктура на екстремни временски услови.

„Климатската отпорност мора да стане трет столб на енергетската безбедност, покрај сигурноста на снабдувањето и диверзификацијата. Потребни ни се енергетски системи што ќе бидат не само поврзани и ефикасни, туку и отпорни на идните предизвици“, нагласи Божиновска.

Македонија продолжува со конкретни инвестиции, реформи и регионални партнерства, со јасна цел – сигурна, достапна и одржлива енергија за граѓаните и стопанството.

 
фото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини