Божиновска со студентите на Виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната програма за обука „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црно Море/Јужен Кавказ 2026“, оствари средба и одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија.

Во отворена дискусија со идните дипломати, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија, стратешките проекти за диверзификација на изворите и модернизација на инфраструктурата, како и активностите за зајакнување на енергетската независност и сигурноста во снабдувањето. Студентите имаа можност да поставуваат прашања и непосредно да се запознаат со предизвиците во креирањето и спроведувањето на енергетските политики и нивната поврзаност со економскиот развој и меѓународната соработка.

Во рамките на програмата, министерката учествуваше и на сесијата „Дигитална дипломатија“, посветена на примената на дигиталните алатки во современите дипломатски односи и меѓународната комуникација.

За време на посетата на Виена, Божиновска оствари и средба во Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во насока на одржување на институционалниот дијалог и унапредување на соработката.

фото Министерство за енергетика

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на горивата: Во понеделник се чека одлуката на Регулаторна, нафтата на светските берзи во пад

BiznisPRO

Рудник САСА го одбележа Светскиот ден на животната средина со заеднички активности со заедницата

BiznisPRO

„Тиквеш“ заслужено доби повисок статус во групата водечки светски винарници за борба против климатските промени

BiznisPRO