Бразилските здравствени инспектори кои го надгледуваат месото протестираат против условите за работа

Синдикалната група која ги претставува здравствените инспектори на Бразил кои ги надгледуваат фабриките за месо, рече дека ќе продолжи со протестот.

Причина за протестот се условите за работа до новата рунда преговори со владата.

Протестите на ревизорите го попречуваат издавањето меѓународни здравствени сертификати, што го попречува извозот на бразилско месо.

Британската агенција наведува дека протестот започнал на 22 јануари, а преговарачките страни се очекува повторно да се сретнат следната недела.

Шефот на споменатата синдикална групација Анфа, Јанус Македо, потврди дека ќе продолжат дискусиите за владиниот предлог за подобрување на условите за работа на ревизорите.

Тој минатата недела рече дека владата треба да го зголеми бројот на федерални здравствени инспектори за најмалку 1.700 за да биде во чекор со бразилската индустрија за извоз на месо од 23 милијарди долари.

„Во моментов има вкупно 2.300 здравствени ревизори низ државата и тие се преоптоварени“, рече Маседо.

Можеби ќе ве интересира...

Цената падна под нулата: Европа сега има толку многу гас што не знае што да прави со него

BiznisPRO

Тесла му плати на Маск „неразбирлива сума“: Судот одлучи дека милијардерот нема право да задржи 56 милијарди долари

BiznisPRO

Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32%, блок тарифите даваат ефекти

BiznisPRO