Британија забрани извоз на луксузни стоки во Русија и воведува нови увозни давачки

Велика Британија објави дека ќе го забрани извозот на луксузни стоки во Русија и ќе воведе нова царина од 35 отсто за руски увоз во вредност од 900 милиони фунти, вклучувајќи вотка, метали, ѓубрива и други стоки.

Овој потег следува по серијата економски санкции што ги објави британската влада за да го казни рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина. Понатамошни санкции против богатите Руси треба да бидат објавени подоцна.

„Нашите нови царини дополнително ќе ја изолираат руската економија од глобалната трговија обезбедувајќи (Русија) да нема корист од меѓународниот систем заснован на правила што таа не ги почитува“, рече министерот за финансии, Риши Сунак.

Можеби ќе ве интересира...

Кина инвестира огромни пари во индустријата за чипови

BiznisPRO

Русите се закануваат: „Барел нафта ќе чини 500 долари, а цената на гасот подобро да не знаете!“

BiznisPRO

Се гради со полна пареа во Америка

BiznisPRO