БРОДОВИ КОИ ЧЕКААТ ВО РЕД: Ограничувањата за минување низ Панамскиот канал продолжен до 2 септември

Управата на Панамскиот канал ги извести бродските оператори дека сегашните ограничувања за минување ќе бидат продолжени до 2 септември.

Низ Панамскиот канал ќе можат да минуваат максимум 32 брода дневно.

Во нормални околности, на вкупно 36 пловни објекти дневно им е дозволено да минуваат низ Панамскиот канал во овој период од годината, но долгиот сушен период ги промени правилата.

Овие ограничувања би можеле да го зголемат нагорниот притисок врз цената на стоките, бидејќи доцнењата и дополнителните давачки ги зголемуваат трошоците за испорака.

Панамскиот канал е важен за транзитот на стоки за широка потрошувачка од Азија во САД, особено за време на шпицот на сезоната на продажба во Америка, како и за побрз транспорт на американски стоки до Азија и јужноамериканскиот брег на Пацификот.

Според официјалните податоци, во средата вкупно 131 брод застанале во ред за да минат низ Панамскиот канал.

Можеби ќе ве интересира...

Швајцарските власти ги укинаа царините за увоз на индустриски производи

BiznisPRO

Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа

BiznisPRO

Вредноста на доларот паѓа: Еве која е причината за овој тренд

BiznisPRO