Вредноста на доларот паѓа: Еве која е причината за овој тренд

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на вредноста на валутите драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите веруваат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД, заврши циклусот на зголемувања на каматните стапки од страна на американската централна банка.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари.

Курсот на доларот падна и во однос на јапонската валута, за 1,2 отсто, на 149,65 јени.

Остриот пад на курсот на доларот следеше во вторникот откако беше објавено дека стапката на инфлација во САД во октомври се лизна на 3,2 отсто, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата стивнува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика.

Можеби ќе ве интересира...

Убава вест: Минималната плата ќе биде 20.000 денари, а пензиите ќе пораснат за 7%

BiznisPRO

СТРАВ ОД ГЛАД: Војната во Украина ќе го преполови растот на глобалната трговија, на работ на криза со храна

BiznisPRO

Државата ќе дели помош од по 3000 денари за илјадници граѓани на месечно ниво во следните 4 месеци

BiznisPRO