фото Pixabay

Големиот синџир ги исфрла производите на оваа компанија поради високите цени

Францускиот малопродажен синџир Carrefour денеска им објави на клиентите дека повеќе нема да продава производи од PepsiCo во своите продавници во Франција поради високите цени.

Во продавниците на Carrefour во Франција, полиците со производите на PepsiCo, како што е безалкохолниот пијалок Pepsi, се означени со знакот „Веќе нема да го продаваме овој бренд поради неприфатливото поскапување“, изјави портпаролот на Carrefour.

Засега не е јасно дали Kerfur ќе ги отстрани од продажба и производите на PepsiCo кои се веќе на полиците.

Францускиот „Карфур“ беше строг кон производителите на стоки за широка потрошувачка и претходно, а минатата година почна да ги означува производите што поскапеа.

Минатата година француската влада побара од трговците и добавувачите да преземат мерки за ограничување на зголемувањето на цените и скротување на инфлацијата. Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Франција во декември порасна на 3,7 отсто од ноемвриските 3,5 отсто, пред се поради побрзиот раст на цените на енергијата, објави Францускиот национален институт за статистика и економски студии – INSEE.

Можеби ќе ве интересира...

Ги зголемија маржите: Нема да верувате колку заработува автомобилската индустрија

BiznisPRO

Европејците стануваат посиромашни

BiznisPRO

ЕП усвои планови за намалување на емисиите и потрошувачката на енергија во зградите

BiznisPRO