Хрватската индустрија во февруари го зголеми прометот во однос на истиот период лани

Вкупниот промет на хрватската индустрија во февруари годинава е зголемен за 2,7 отсто во однос на истиот период од 2023 година, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (ДЗС) На месечно ниво, во однос на јануари, прометот во индустријата е намален за 0,4 отсто.

Кога станува збор за главните индустриски групи, во февруари 2024 година, во однос на февруари минатата година, вкупната продажба на енергија е зголемена за 18 отсто, а нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 отсто.

Од ДЗС наведуваат дека вкупната продажба на трајни производи за широка потрошувачка во истиот период е намалена за 8,2 отсто, а на капитални производи за 8,1 отсто.

На месечно ниво, во февруари годинава, во однос на јануари, вкупната продажба на капитални производи е помала за 16,4 отсто, а нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 отсто.

Вкупната продажба на енергија е зголемена за 14,9 отсто, а трајните производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, пренесува Индекс.

Можеби ќе ве интересира...

Го достигна максимумот: Цената на храната расте на светско ниво

BiznisPRO

Америка во неволја: „Потрошија многу пари“

BiznisPRO

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

BiznisPRO