Следат заплени: Со ваквата стока повеќе нема да може да се тргува

Во иднина ништо произведено со принудна работа нема да смее да се тргува во Европската унија. Забраната беше договорена од преговарачите на Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ.

Стоката за која е утврдено дека содржи принудна работа, според договорот, ќе биде запленета и „донирана, рециклирана или уништена“, соопшти во вторникот Европскиот парламент.

Договорот треба уште да го ратификуваат членките на ЕУ и Собранието, а законот ќе се спроведува со транзициски период од неколку години. Ратификацијата е скоро секогаш само формалност.

Доколку постои сомнеж дека некоја стока е произведена со принудна работа надвор од ЕУ, истрагата ќе ја спроведат Европската комисија и земјата-членка на ЕУ каде што стоката пристигнала.

За забраната на производот ќе одлучува органот што ја води истрагата. На пример, ако дел од автомобил е произведен под принуда, не мора да се уништи целото возило, туку делот мора да се замени.

Основата на договорот е предлогот на Европската комисија од 2022 година. Комисијата наведува дека околу 27,6 милиони луѓе во светот работат под принудна работа.

Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја дефинира принудната работа како „секоја форма на работа или услуга што се бара од лице под закана од казна, а за кое тоа лице не волонтирало“.

Европската комисија наведува дека принудната работа се јавува во многу сектори, најчесто во „одредени услуги, текстилната индустрија, рударството и земјоделството“.

Се проценува дека 80 модерни робови работат за секој граѓанин на Европа во текот на нивниот живот, изјави Ана Кавачини, европратеничка на Зелените, учесничка во преговорите.

Таа го критикуваше фактот што предлог-законот не вклучува компензација за жртвите на принудна работа. И покрај тоа, договорот означува важна пресвртница, додаде Кавачиниева.

Спротивно на тоа, либералната пратеничка на ФДП, Свења Хан, ја поздрави одлуката да се изостави компензацијата. Според неа, Европската комисија прво треба да процени дали тоа воопшто би било целисходно.

Можеби ќе ве интересира...

Следува нова тура пари за пензионерите и загрозените – Еве кога стигнува помошта

BiznisPRO

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

BiznisPRO

Убава вест: Ново поевтинување на бензините и дизелот во Македонија

BiznisPRO