фото АИ

Бројот на одобренијата за градење во јануари 2026 година е намален за 19.2 % во однос на истиот период од претходната година

Во јануари 2026 година се издадени 256 одобренија за градење, што е за 19.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, информира ДЗС.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 325 219 илјади денари, што е за 25.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 160 (62.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 65 (25.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 155 (60.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 101 (39.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од 54 359 м2.

Можеби ќе ве интересира...

Виталиа со донација ја поддржа прославата по повод 120 години Ротари Интернационал

BiznisPRO

Курсна листа за 2-ри мај 2025

BiznisPRO

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

BiznisPRO