Бројот на одобренијата за градење во мај 2025 година е зголемен за 80.4 % во однос на истиот период од претходната година

Во мај 2025 година се издадени 469 одобренија за градење, што е за 80.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, информира ДЗС.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 868 401 илјада денари, што е за 34.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 255 (54.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 104 (22.2 %) за објекти од нискоградба и 110 (23.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 469 објекти, на 232 (49.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 237 (50.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 м2.

Можеби ќе ве интересира...

По 19 години нова Уредба за квалитетот на горивата – само горива што ги исполнуваат пропишаните стандарди ќе можат да се пласираат на пазарот

BiznisPRO

Народот се подготвува за масовен бојкот на маркетите во петок

BiznisPRO

Курсна листа за 4-ти јуни 2025

BiznisPRO