Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6 % во мај 2026 во однос на мај 2025 година

Бројот на работниците во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.5 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.

Бројот на работниците во периодот јануари – мај 2026 во однос на периодот
јануари – мај 2025 година се намалил за 3.0 %.

Можеби ќе ве интересира...

Во Македонија има 694.506 вработени и 98.273 невработени лица – активното население е само 52.3 проценти

BiznisPRO

АВИОНОТ СТАНА МАСОВЕН, ВОЗОТ СТАНА РЕТКОСТ – Што кажува транспортот за тоа каква држава градиме?

BiznisPRO

Ќе стигнеме ли до 500 евра минимална плата? – Еве колку таа беше во 2015, а колку е во 2025

BiznisPRO