Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %, соопшти ДЗС.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8 %, Капитални производи за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 4.8 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, се намалил за 3.7 %.

Можеби ќе ве интересира...

Плазма и Роса им посакуваат на првачињата успешен старт на учебната година со подарок пакетчиња

BiznisPRO

Биткоинот попладнево падна под 80.000 долари – Ќе продолжи ли да тоне?

BiznisPRO

Важна вест:: Доколку сте добиле ваучер за клима уред ова треба да го знаете

BiznisPRO