фотографијата е направена со вештачка интелигенција

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.6 % во јануари 2026 во однос на јануари 2025 година

Бројот на работниците во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 3.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %, извести ДЗС.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 4.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %.

Можеби ќе ве интересира...

Колку чинат девизите денеска? – Курсна листа за 8-ми март 2025

BiznisPRO

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

BiznisPRO

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

BiznisPRO