Бројот на работниците во индустријата е намален за 4.0% во јуни 2025 во однос на јуни 2024 година

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил за 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 %, информира ДЗС.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 9.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 11.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на периодот јануари – јуни 2024 година, се намалил за 4.1 %.

Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил за:

2.5 % кај рударство и вадење на камен
4.3 % кај преработувачка индустрија
1.4 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Можеби ќе ве интересира...

Продолжува растот на цените на бензинот и дизелот во Македонија, еве ги новите цени

BiznisPRO

Курсна листа за 23 мај 2025

BiznisPRO

Курсна листа за 11 март 2025

BiznisPRO