Бројот на туристите во август 2025 година изнесува 226 179 кои оствариле 846 221 ноќевања

Во месец август 2025 година 48.0 % се домашни туристи, а 52.0 % се странски туристи, соопшти ДЗС.

Бројот на ноќевањата во август 2025 година изнесува 846 221, од кои 73.4 % се од домашните туристи, а 26.6 % од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.8 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за 11.6 %.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.0 %, а кај странските има зголемување за 8.1 %.

Можеби ќе ве интересира...

АД ЕСМ преку поволен кредит од германската КфВ банка почнува нов инвестициски циклус во обновливи извори на енергија

BiznisPRO

Народната банка ја објави платежната статистика за вториот квартал од 2024 година: Натамошен позитивен тренд на раст на дигиталните плаќања

BiznisPRO

Убава вест: Оваа банка предвреме ќе ги исплати пензиите уште во петок

BiznisPRO