• ноември 3, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Четири ЦЕФТА договори чекаат да бидат усвоени

Четири ЦЕФТА договори чекаат да бидат усвоени

Берлин, 3 Ноември 2022. – Директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, во Берлин ги претстави клучните достигнувања, давајќи фокус на мерките кои обезбедуваат директни придобивки за граѓаните и бизнисите. Во своето обраќање на Самитот за Западен Балкан под покровителство на Берлинскиот процес, тој им честиташе на лидерите на земјите од Западен Балкан и на Советот за регионална соработка за потпишувањето на три договори за мобилност, но повика и на забрзување на процесот на усвојување на договорите постигнати во рамките на ЦЕФТА .
„ЦЕФТА ја постави имплементацијата на Заедничкиот регионален пазар како апсолутен приоритет. До сега ги комплетиравме четирите нови одлуки на Заедничкиот комитет кои чекаат да бидат усвоени“, изјави Џикиќ, набројувајќи ги големиот број одлуки кои се целосно усогласени или се многу блиску до завршување на усогласувањето, но им недостига најважниот чекор – усвојување од Заедничкиот комитет:

• Одлуката за олеснување на е-трговијата ќе ги поддржи малите и средни бизниси кои се занимаваат со интернет продажба, поедноставувајќи ги законите и регулативите за продажба на пазарот на ЦЕФТА.

• Одлука за услуги за достава на пакети помеѓу членовите и Одлука за спречување на неоправдано геоблокирање, со што би се обезбедило исто ниво на заштита на потрошувачите, транспарентност на цените и елиминирање на неоправданите практики на геоблокирање за милиони луѓе кои купуваат онлајн.
• Одлука за признавање на програмата AEOS, која ќе им овозможи на докажаните ЦЕФТА компании да извезуваат по поедноставени царински процедури.
Експертите од ЦЕФТА страните се блиску до завршување на преговорите за шест дополнителни договори со што ќе се исполнат ветувањата на лидерите на Западен Балкан од 2020 година – признавање сертификати, дозволи и лиценци за инженери, туристички агенции, тур-оператори, производители и трговци со мед.

Џикиќ потсети на успехот од проширувањето на Зелените коридори со Грција и Сините коридори со Италија, нешто кое не би било можно без партнерството на ЦЕФТА со Транспортната заедница и поддршката на СРС и Европската комисија.

„Среќни сме што го пробивме мразот и што сè повеќе земји-членки на ЕУ изразуваат интерес за приклучување“, рече директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА и додаде: „Зелените коридори се важен потсетник дека регионот може да понуди иновативни решенија кои можат да се проширират и во рамки на ЕУ“.

Џикиќ им честиташе на лидерите на Западен Балкан и на Советот за регионална соработка за потпишувањето на договорот за мобилност и ја најави овогодинешната конференција на ЦЕФТА Week, која ќе се одржи во Брисел на 9 декември, кога ЦЕФТА традиционално го разгледува актуелното претседателство (Молдавија) и ја претставува земјата која ќе претседава со ЦЕФТА- следната година (Црна Гора).

ЦЕФТА е договор за слободна трговија, потпишан во 2006 година, кој опфаќа шест земји од Западен Балкан и Молдавија. Заедничкиот комитет е раководно тело на ЦЕФТА, формирано со Договорот и е составен од претставници на сите членки. Секретаријатот на ЦЕФТА е тело формирано со Договорот за поддршка на Заедничкиот комитет во спроведувањето на агендата на ЦЕФТА. Повеќе на: https://cefta.int/structures/.

Акциониот план за заеднички регионален пазар 2021-2024 година е стратешка рамка за економска интеграција на Западен Балкан, поддржана од лидерите во 2020 година, под покровителство на Берлинскиот процес. ЦЕФТА има задача да испорача мерки кои овозможуваат слободно движење на стоки и услуги во согласност со ЕУ и меѓусебните мерки. Целосното спроведување на економската интеграција во регионот може да донесе дополнителен раст на БДП до 6,7%. Повеќе на: https://cefta.int/legal-documents/.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…