„Чуварите на мудроста“ на втората конференција ќе споделат мудри совети со младите

Успешни професори, уметници, архитекти, стопанственици ќе ги споделат своите животни и професионални искуства со младите на вторатаконференција „Чувари на мудроста“, која ќе се одржи на 11 јуни, во Младински културен центар во Скопје, во организација на „Халкбанк АД Скопје. Станува збор за несекојдневна можност на едно место да се чујат советите на дел од најискусните и најпочитуваните професионалци во нашата држава. Професорите Мишко Ралев, Радмил Поленаковиќ и Бобан Мисовски, претприемачите Нина Ангеловска и Петар Ниновски, теоретичарката на уметност Искра Гешоска, психологот Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ се дел од учесниците кои ќе дискутираат на различни теми и ќе споделат мудри совети за кариерен развој.

Професор д-р Мишко Ралев, архитект, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, како и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ)најмногу се сеќава на едно кажување – совет кој се провлекувал од генерација во генерација. Така и тој, како млад асистент на Архитектонскиот факултет, го добил од неговите професори. „Советот буквално гласеше вака:  ’Да не дозволиш да ти се исушат рапитографите’. А тоа значи дека само постојаната работа и трагањето по вистинските вредности се единствениот начин да се напредува. Од друга страна, познато е дека добар експерт не е оној кој знае сè, туку оној кој е подготвен постојано да учи“, истакнува Ралев.

Целата дискусија е замислена да се одвива во парови кои се од иста професија или со слична кариерна определба.Панелистите ќе ги споделат личните ставови и она во што веруваат. Публиката ќе има можност да слушне корисни совети за кариерен развој, но и за животната филозофија на говорниците од различни генерации.

Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, прим. д-р невропсихијатар, семеен и системски психотерапевт, истакнува дека меѓу највредните совети што ги добила е постојаната поддршка и верба во нејзините способности – „Ти можеш, умееш и ќе успееш. Биди истрајна и не откажувај се брзо!“ Понатаму,таа нагласува: „Во однос на советите – внимавам со општите совети до сите млади, бидејќи на тој начин покажувам дека не го почитувам богатството на нивните различности! Поблиско ми е правилото дека нема правило, па оттука, немам универзален совет до сите млади.

Можеби нешто што е најблиско до универзален совет е да се обидат да бидат во контакт со себе и да ги препознаат своите способности и предизвици, а ако не успеваат во тоа, да побараат стручна помош. И можеби следен чекор е да бидат креативни во барањето решенија за своите предизвици, зашто многу често заглавуваме токму поради тоа што повторуваме исти решенија, иако претходно не ни дале резултат!“

Втората по ред конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK е важна поддршка и инспирација за младите професионалци и претприемачи. Присутните на конференцијата ќе имаат можност да добијат и дополнителни стручни совети на работилниците за брендинг и бизнис-план за стартап компании, што ќе се спроведат во рамки на конференцијата.

Влезот за сите студенти ќе биде бесплатен, со приложување студентска легитимација, но заради ограничениот број присутни, задолжително ќе биде пријавувањето преку следната онлајн форма: bit.ly/КонференцијаЧувариНаМудроста

Датум: 11 јуни 2024 ( вторник )

Времетраење: 10:00 – 15:00 ч.

Локација: Младински културен центар

Конференцијата е дел од поголемата кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“, што започна во 2022 година, со намера да им даде глас на припадниците на повозрасните генерации. Во рамките на кампањата се спроведоа повеќе активности, настани и работилници во чиј центар беа пензионерите и повозрасните лица.

Можеби ќе ве интересира...

Аплицирај и активирај ја твојата Mastercard Contactless на Халкбанк и добиј вредносен ваучер

BiznisPRO

Тимовите на Saint-Gobain и Хабитат Македонија со волонтерска работа започнаа реконструкција на два објекти за домување на социјално загрозени семејства во општина Чашка

BiznisPRO

Полиса за животно осигурување  – Мудра инвестиција која обезбедува финансиска поддршка во подоцнежните години

BiznisPRO