Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при што сајбер криминалците успеале да подигнат кредит во нивно име.

Изминатиот период речиси секојдневно полицискиот билтен изобилува и со случаи каде измамници со туѓи лични карти подигаат брзи кредити, а вистинските сопственици не се ни свесни за тоа се додека не им стигне известување дека не ја платиле ратата.

Само лани МВР евидентирала 43 случаи на измами со брзи кредити.

Два брзи кеш кредити за да се затвори еден – вистински рецепт за пропаст
Прво стигнува жолто, а потоа црвено плико. Некои од компаниите за брзи кеш кредити наплаќаат и провизија за испратената опомена.

Проблемот со брзите кредити кој ја зафати Македонија уште од пред неполна деценија кога беа отворени првите финансиски друштва и натаму е актуелен, бидејќи многу граѓани буквално испозаглавија поради високите камати и скриени трошоци. Со оглед дека по брзи кредити претежно посегаат луѓе на кои им треба итен кеш, тие земаат други два за да го покријат едниот и влегуваат во вртлог од долгови кој може да ги чини станот или ќуќата.

Според истражуваањата на јавното мислење многу од граѓаните сметаат дека државата треба да воведе ригорозна регулација. Најголем дел од граѓанте велат дека не би земале брз кредит кој полесно се одобрува, но има повисоки камати.

Рекламирање каде ќе се стигне, достапност во секој ќош
Брзите кредити се многу лесно достапни, дури и за малолетници со оглед на агресивното рекламирање на овие типови на кеш заеми се достапни само само неколку клика. Компании кои нудат брзи кредити се присутни со реклами дека нудат 0 проценти камата, па дури и вредни награди на социјалните мрежи, на телевизија среде термини кога гледаат малолетници, но и на радио.

Реклами за брзи кредити има на автобусите, билбордите, а нивните канцеларии никнуваат како печурки во секој ќош во градовите.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ СО ОДЛУКА: Нова цена на горивата

BiznisPRO

ЛОШИ ВЕСТИ: Поскапуваат горивата, ова се новите цени

BiznisPRO

АЛКАЛОИД со рекорден извоз од 183,9 милиони евра, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава за 2023

BiznisPRO