Даночна сезона 2026: Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени над 612 милијарди денари оданочив доход

За 2025 година, Управата за јавни приходи генерираше 863.100 Годишни даночни пријави (ГДП) кои се достапни преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk. Од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот за плаќање.

За таа цел, УЈП ги повикува сите физички лица кои сè уште немаат кориснички профил на е-Даночни услуги, веднаш да се регистрираат на https://e-ujp.ujp.gov.mk. Увидот во вашата пријава е ваше право и ваша одговорност — само преку системот можете да проверите дали имате обврска за доплата или побарување за поврат на данок.

Од вкупно 704.443 ГДП пријави, 26.653 пријави се потврдени лично од даночните обврзници, а 1.145 пријави се коригирани од нивна страна, по кои корекции службени лица во УЈП тековно одлучуваат. Останатите 676.645 пријави се потврдени службено од страна на УЈП. Овој податок укажува дека значителен број граѓани не извршиле увид и не ја потврдиле лично својата пријава. Иако службеното потврдување е законски предвидена можност, тоа значи дека даночниот обврзник не ги проверил податоците и не се произнел по нив.
Пријавата генерирана од УЈП се темели на податоците доставени од исплатувачите. Доколку некои приходи не се евидентирани или се евидентирани погрешно, граѓанинот може да го забележи тоа, но само ако ја прегледа пријавата. Непроверената и службено потврдена пријава може да резултира со ненавремено откривање на грешки, неточни износи и дополнителни обврски.

Согласно податоците структурата на вкупно доставените 704.443 Годишни даночни пријави за 2025 година на профилите на корисниците е следната:

 

Статус на пријаватаБрој пријавиВкупен износ (денари)
 Пријави со износ за доплата 208.857 208.984.603
 Пријави со побарување (повеќе платен данок) 313.519 53.910.496
 Пријави без разлика (износ нула) 182.067 0

Поголемиот број пријави (313.519) покажува дека граѓаните имаат повеќе платен данок, додека 208.857 граѓани имаат обврска за доплата. Речиси 182.000 пријави покажуваат дека данокот бил пресметан и наплатен точно во текот на годината без потреба за доплата или поврат. Од обврзниците кои имаат повеќе платен данок, 617 обврзници искажале барање за враќање на повеќе платениот данок во износ од 32.397.022 денари.

Вкупниот пријавен доход утврден во ГДП за 2025 година изнесува 612.866.663.282 денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход (ДЛД) изнесува 39.817.189.183 денари. За споредба, вкупно пријавениот доход утврден во ГДП за 2024 година изнесувал 538.741.195.257 денари, додека вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесувал 34.960.971.215 денари. Од тоа се согледува дека вкупниот пријавен доход во ГДП за 2025 година е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари во однос на 2024 година.

Преглед по видови доход за 2025:

Преглед по видови доход за 2025:

 

Вид доходПријавен доход (денари)Пресметан ДЛД (денари)
Приходи од работен однос 458.565.247.24028.463.107.548
Приходи од самостојна дејност 5.513.378.723496.533.842
Приходи од авторски права 4.709.164.832347.095.921
Доход од закуп и подзакуп9.838.356.067872.695.622
Приходи од капитал24.569.919.8142.446.237.025
Приходи од капитални добивки1.946.467.105177.056.905
Добивки од игри на среќа11.111.165.5181.402.777.052
Друг доход9.552.034.803861.927.673
Доход од продажба на сопствени земјоделски производи22.301.002.183437.398.551
Доход од Осигурување1.035.805.04999.719.484
Доход од права од индустриска сопственост61.857.1745.588.144

извор УЈП

Можеби ќе ве интересира...

Познато е кога ќе биде исплатена мартовската пензија – Истата ќе биде покачена за 2.500 денари

BiznisPRO

Бизнисот пред нов предизвик: Дали вештачката интелигенција „знае“ за вашиот бренд?

BiznisPRO

НОВА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Кој колку должи за данок?

BiznisPRO