Германскиот производител на автомобили „БМВ груп“ соопшти дека од утре привремено ќе биде прекинато производството во сите фабрики во кинескиот град Шенјанг поради контролни мерки поврзани со Ковид 19.
Во соопштението се наведува дека допрва ќе се утврдува датумот на обновување на производството.
BMW и кинескиот партнер „Brilliant China Automotive 1114.HK“ имаат производствена база во Шенјанг која вклучува две фабрики за возила, центар за истражување и развој и електрана.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...