Детското штедење Халки ја поттикнува вредната навика да се мисли на иднината

Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк уште еднаш потсетува дека навиката за штедење не се учи само преку бројки, туку и преку љубов, грижа и трпение. Со детското штедење Халки, банката повеќе од една деценија ги учи најмладите дека секој мал чекор денес може да донесе голема промена утре. Со слоганот „Мали чекори – големи соништа“, Халки праќа порака дека вистинската вредност не е во тоа колку имаме, туку како се грижиме за она што го имаме. Секоја уплата во детското штедење е повеќе од бројка – тоа е порака на љубов, посветеност и сигурност кон иднината на детето.

Со детското штедење Халки сакаме да создадеме генерација која ќе ја разбере важноста на штедењето и одговорноста што произлегува од него. Сметаме дека е важно и најмладите, но и повозрасните да знаат дека штедењето не е само финансиски чин, туку начин на размислување, основа за стабилност и доверба“, вели Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Низ годините, слончето Халки прерасна во симбол на детското штедење и пријател на најмладите. Со својата препознатлива насмевка, Халки потсетува дека штедењето може да биде и игра и лекција. Преку сликовници, видеа, подкасти и едукативни работилници, Халки ги воведува децата во светот на финансиската писменост на едноставен, креативен и забавен начин.

Со цел да ја поттикне навиката за штедење, за сите новоотворени детски депозити во текот на октомври, Халкбанк подарува уникатна Халки касичка, симбол на првата штедна авантура. Минималниот износ за отворање детско штедење изнесува 1.000 денари или 20 евра, а потребни се само лична карта или пасош од родителот/старателот и извод од матична книга на родените за детето.

Во рамки на месецот на штедењето, Халки во соработка со неколку училишта организира едукативни работилници, каде што децата преку игра и цртежи ќе учат за историјата на парите. Целта е да се изгради генерација што ќе знае дека секоја мала паричка има своја вредност, особено кога зад неа стои љубов и цел. Кога ги учиме децата да штедат, ние не ги учиме само како да бројат, туку како да создаваат, да се грижат и да веруваат во себе. Со секоја нова штедна книшка, расте една нова приказна – приказна за љубов, стабилност и иднина.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со МНОГУ ВАЖНА информација до ГРАЃАНИТЕ кои не го платиле доспеаниот данок – Ова треба да се плати ВЕДНАШ!

BiznisPRO

Животот се’ поскап – Расте инфлацијата со големи размери

BiznisPRO

Опфатени широк спектар на серии: BMW повлекува повеќе од 370.000 возила поради ГОЛЕМ ДЕФЕКТ

BiznisPRO